Просечната нето плата во Хрватска во март е 886 евра

од Vladimir Zorba

Просечната бруто и нето плата во Хрватска беше номинално и реално пониска во март на месечно ниво, додека во однос на истиот месец во 2019 година е забележан раст.

Просечната мартовска нето плата изнесуваше 6.713 куни (886 евра), што е номинално помалку за 1,1 процент и реално за 1,3 проценти отколку во февруари, пренесе порталот „Себиз“.

Споредено со истиот месец лани, нето-платата по вработен е номинално поголема за 1,4 проценти и реално за 0,8 проценти.

Просечната бруто-плата по вработен во март „тежела“ 9.118 куни (1.211 евра), а во номинална стапка е пониска за 1,0 проценти и во реална смисла за 1,2% во однос на февруари.

Слични содржини