Актуелно
Почетна / Македонија / Просечната нето плата во март изнесува 26.422 денари

Просечната нето плата во март изнесува 26.422 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март оваа година, изнесува 26.422 денари, додека во бруто износ е 39.437 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 7,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,2%) и Преработувачка индустрија (9,8%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,6%), Уметност, забава и рекреација (15,4%) и Стручни, научни и технички дејности (9,9%).

loading...