Просечната возраст на заразените во Италија е околу 40 години

од Vladimir Zorba

Во Италија жариштата на вирусот „Ковид-19“, со различна големина, се забележани во скоро сите региони, а просечната возраст на заразени лица сега е околу 40 години, додека во најтешкиот период на епидемијата во таа земја беше над 60 години, според италијанското Министерство за здравство и Институтот за здравје.

Просечната возраст на заразените сега е околу 40 години, додека во март и април беше над 60 години, што може да биде показател за навиките дека луѓето се смениле по неколкумесечни рестриктивни мерки, постарите лица се повнимателни, додека младите се среќаваат, се ракуваат и прегрнуваат, пишува „Кориере дела сера“.

Според италијанското Министерство за здравство, во шест региони на Италија, стапката на репродукција на вирусот „Ковид-19“ е повисока од „еден“ – Емилија-Ромања, Лацио, Лигурија, Ломбардија, Пиемонт и Венето.

Вчера, Италија воведе двонеделен карантин за пристигнувањата од Романија и Бугарија, како резултат на епидемиолошки податоци, што е прв ваков случај во рамките на ЕУ по отворањето на границите на Унијата на 1 јули.

Претходно, Италија ги додаде Србија и Црна Гора на листата на 16 земји на кои им е забранет влез, вклучително и БиХ и Северна Македонија.

Слични содржини