Прошета до олтарот со својот татко: Се омажи најстарата ќерка на Еди Марфи (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на Еди Марфи, Брија Марфи и Мајкл Хавиер официјално се венчаа. Уметничката (32) и нејзиниот актерски вереник (36) размениле завети пред 250 најблиски пријатели и семејството на волшебна церемонија на отворено во Беверли Хилс на 9 јули.

Брија прошета до олтарот со нејзиниот татко, актерот Еди Марфи. Нејзината мајка, Никол Мичел Марфи, исто така беше покрај нејзината ќерка на специјалниот ден.

Цветна тема ја красеше нивната сала, со лустери и цветни венци и самовилски светла кои го украсуваат целиот простор за забава. Дрвјата исто така беа осветлени со светилки, додека свеќи и букети розови и бели рози ги красеа масите.

На приемот, Еди излезе на подиумот и со гостите сподели зборови на љубов за својата најстара ќерка.

„Едноставно сум многу, многу горд. Многу, многу среќен, мило ми е што ве видов сите и на Брија и Мајкл не им посакувам ништо друго освен љубов и среќа“, рече Марфи.

Големата ѕвезда Џони Гил ги изведе своите хитови на венчавката.

Слични содржини