ПРОШЕТКА ВО ВСЕЛЕНАТА: Кинески астронаути излегуваат од капсулата Шенжу 12 (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца кинески астронаути излегоа на вселенска прошетка денес од новата орбитална капсула Шенжу за да оспособат роботски инструмент од 15 метри со функција на вештачка рака.

Државната телевизија ја емитуваше вселенската операција на астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо додека тие ја минуваа рампата од орбиталната капсула во вселената и третиот член на екипажот, пилотот на кинеските воздухопловни сили и командантот на оваа вселенска мисија, генерал Ни Хаишенг, кој останал во леталото, пренесува АП.

Капсулата Шенжу се спои со матичната станица на 17 јуни, а тројцата астронаути имаат задача да го зaвршат опремувањето на орбиталната станица и целосно да ја оспособат, пренесоа државните медиуми.

Кинеската вселенска агенција планира вкупно 11 лансирања до крајот на следната година со цел да спои два модула со орбитална станица од 70 тони.

Слични содржини