Проштална средба Османи – Сахакијан

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари проштална средба со постојаниот претставник на УНДП во земјава Нарине Сахакијан.

– Дефинирањето на стратешките приоритети, тековните активности во постигнувањето на Агендата 2030, поддршка на земјата за пристапување во ЕУ, како и имплементација на постојните проекти немаше да биде можна без севкупната соработка со Канцеларијата на УНДП и целиот тим, истакна Османи.

Османи, како што соопшти МНР, изразил благодарност и за личниот ангажман на Сахакијан за повеќе иницијативи од делот на: економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина, климатските промени, како и за напорите за справување со Ковид-19 пандемијата.

– Постојаниот претставник на УНДП, Сахакијан истакна задоволство од досегашната соработка со институциите на Северна Македонија, посебно со Министерството за надворешни работи, и изрази уверување дека соработката и натаму ќе се продлабочува со нејзиниот наследник, а со цел реализација на Целите за одржлив развој и имплементација на програмските документи за земјата во периодот 2021-2025 година, наведуваат од МНР.

Слични содржини