Прошталниот претседателски говор на Трамп: Ќе се вратам во некоја форма (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во прошталниот говор во базата Енруз во Мериленд, американскиот претседател Доналд Трамп им се заблагодари на своите приврзаници, ветувајќи им дека „ќе се врати во некоја форма“ и на идната администрација на демократот Џо Бајден ѝ посака „многу среќа и голем успех“.

„Ова беа неверојатни 4 години. Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука. Луѓето не знаат колку напорно работеше семејството Трамп“, рече Трамп.

Трамп изрази надеж дека претстојната администрација на Џо Бајден и Камала Харис нема да ги зголеми даноците.

„Се надевам дека нема да ви ги покачат даноците. Ако ги покачат – ви реков дека ќе биде така“, рече тој и додаде:

„Вие сте неверојатни луѓе, ова е одлична земја. Ми беше чест и привилегија да бидам претседател. Јас секогаш ќе се борам за вас. Ќе се вратиме … Ви посакувам добар живот, и ќе се видиме наскоро“.

Слични содржини