ПРОСЛАВА НА УЛИЦИТЕ ВО ИЗРАЕЛ: Граѓаните го слават заминувањето на Нетанјаху! (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Премиерот Нафтали Бенет и министрите во новата израелска влада положија заклетва вечерва откако членовите на израелскиот парламент Кнесет гласаа за новата владејачка коалиција. Голем број Израелци излегоа на улиците да го прослават заминувањето на Бенјамин Нетанјаху.

Претходно, новата израелска коалициска влада, која се состои од осум партии, освои мнозинство на парламентарните гласања.

Гласањето беше густо, а новата влада доби поддршка од 60 од 120 пратеници во Кнесет, додека 59 беа против.

 

Слични содржини