Просторот ќе биде под засилен инспекциски надзор: Се расчистува дивата депонија во Драчево

од Берта Китинска

Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево.

-Во општината Кисела Вода, во населеното место Драчево, преку јавните претпријатија на Град Скопје денеска започнуваме со расчистување на една огромна дива депонија создавана во изминатиот период, а која негативно влијае врз животната средина. Спроведуваме континуирана акција во Скопје, во изминатиов период расчистивме повеќедецениски депонии, како депонијата во Мичурин и депонијата во Визбегово, и секаде каде што просторните услови ни дозволуваа, наместо депонии сега на тие места имаме паркови во кои уживаат граѓаните. За десетина дена овде ќе бидеме целосно готови, овој простор ќе биде израмнет и ќе настапи системот кој што го воведовме во соработка со општините, а тоа е системот на засилен инспекциски надзор со цел радикално да ги казниме создавачите на вакви депонии и да не дозволиме животната средина да биде загрозена, информираа од Град Скопје.

Слични содржини