Протече мејл во кој Меган зборува за Кејт Мидлтон

од Vladimir Zorba

Во јавноста протече е-пошта што Меган Маркл наводно им ја испратила на своите асистенти, во која таа зборува за нејзината врска со Кејт Мидлтон.

Омид Скоби, новинар кој е автор и на биографијата на Меган и Хари, во интервју за Опра Винфри го анализирал инцидентот за кој зборувала Меган, што ја шокираше светската јавност поради деталите за британското кралско семејство.

Да потсетиме, тогаш Меган и Хари рекоа дека некои членови на кралското семејство „се загрижени за бојата на кожата на нивниот син Арчи“, а покрај тоа, Меган се осврна и на пишувањето на британските медиуми дека ја расплакала Кејт Мидлтон во 2018 година. Како што објасни Маркл, се случило токму спротивното – Кејт ја расплакала неа, а потоа се извинила.

За да ги потврди своите тврдења, Скоби приложи е-пошта што Меган наводно им ја испратила на нејзините соработници, а Бакингемската палата сè уште не одговорила за да ги побие овие тврдења.

Имено, кога Меган и Хари беа замолени да потпишат изјави во кои се вели дека принцот Вилијам не ги малтретирал пред да одлучат да се откажат од кралските должности и одговорности, Меган наводно им напишала на своите соработници „Кога веќе се расфрлаат со изјави, можеби КП (палатата Кенсингтон ) ќе признае кој кого расплакал“.

Меган Маркл не зборуваше многу за настанот во интервју за Опра. Таа само рече дека „Кејт се вознемирила за некои фустани“, и дека „подоцна се извинила, и дека сè било во ред“.

Слични содржини