Протече старо ВИДЕО од Били Ајлиш: Обвинета е за расизам

од Nikola Popovski

Били Ајлиш, најпопуларната тинејџерка во светот, е обвинета за навреда на азискиот нагласок и акцент и употреба на расистички навреди, наведува „Дејли меил“.

Видеото на ТикТок објавено во понеделникот од страна на користник „@lcxvy“, кое содржи неколку помали снимки без датум, покажува како Ајлиш го користи терминот „чинк“ – термин кој се смета за навредлив за луѓето со кинеско и источноазиско потекло. Зборот на англиски значи „тесен отвор“.

На видеото, можете исто така да ја видите и слушнете Ајлиш како се потсмева на азискиот акцент и како нејзиниот повисок брат Финеас ја прозива бидејќи таа „зборува со афро-американски акцент“.

Не е познато кога и во кој контекст се направени снимките.

Некои обожаватели на пејачката повикаа на нејзино „откажување“, додека други потсетуваа дека боледува од Туретов синдром и дека тоа е причината за нејзините испади.

Ајлиш во 2018 година откри дека боледува од Туретов синдром, но потенцираше дека нема вокални тикови, туку само физички.

Минатата недела таа беше критикувана и за „користење на ЛГБТ заедницата за промовирање на нејзините песни“.

@lcxvy

Reply to @.lisqvz #billieeilish #billieeilishcancelled lol

♬ original sound – lena !!!

Слични содржини