Протекоа ФОТОГРАФИИ од Трамп без шминка, луѓето шокирани

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше виден на турнирот LIV Golf во едно од неговите ретки појавувања без шминка, а корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од неговото лице.

Трамп играше голф на турнир поддржан од Саудиска Арабија во Бедминстер, Њу Џерси.

Заедно со Трамп, на турнирот се појавија и други познати личности како неговиот син Ерик, професионалниот голфер Дастин Џонсон и Кејтлин Џенер.

Поранешниот претседател се појави во бела поло маица, црни панталони и црвена капа, а многумина забележаа дека изгледа поприродно од вообичаено.

Од лицето на поранешниот претседател исчезнаа препознатливиот портокалов сјај и светлите темни кругови.

Наместо тоа, бојата на кожата на лицето му се совпаѓала со онаа на вратот, а брчките биле поизразени.

Неговиот изглед поттикна бројни корисници на Твитер да дадат бројни хумористични коментари.

Слични содржини