Протекоа нови детали: Бритни Спирс го тепала Сем додека спиел?

од Stefanija Kuzmanovska
560 прегледи

Пејачката Бритни Спирс наводно се разведува од моделот Сем Ашгари, кој е 12 години помлад од неа, по една година брак.

Наводно меѓу нив двајцата дошло до физичка пресметка. Како што пишува „Дејли Мејл“, Бритни го ударала Сем во неколку наврати, а еднаш додека спиел пејачката почнала физички да го напаѓа, додека окото не му помодрело.

Ашгари им се пожалил на пријателите дека пејачката физички го нападнала, пишува ТМЗ и додал дека тоа е една од причините поради која го напуштил нивниот заеднички дом.

Изворот наведува и дека имало бројни тепачки кога дури и обезбедувањето морало да интервенира, а Ашгари наводно често спиел на друго место.

До кулминацијата дошло по нивната последна „жестока расправија“, кога тој дефинитивно си заминал, наведува ТМЗ.

Слични содржини