Протекоа снимки од Крим: Аеродромот во пламен (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи беа објавени првите снимки од експлозиите кои во текот на ноќта се случија на Крим. Според информациите на украинските медиуми, аеродромот под руска контрола бил гранатиран.

Повикувајќи се на руските и украинските канали на Телеграм, медиумите јавуваат дека во ноќта меѓу средата и четвртокот се слушнале силни експлозии во градот под контрола на Русија.

Доцна синоќа беше гранатиран градот Џанкој на Крим, каде што беа пријавени експлозии. Дополнително, се посочува дека бил погоден и тамошниот аеродром кој исто така е под контрола на Русите.

Сега се објавени снимки од експлозијата на аеродромот, а Украина наводно користела дронови за овој напад.

Поради неодамнешните настани во Полска, кога две ракети паднаа на тамошната територија и загинаа две лица, многу луѓе оценија дека гранатирањето на Крим е одмазда на Украина.

Имено, американскиот претседател Џо Бајден и челниците на НАТО алијансата објавија дека на територијата на Полска паднале украински ракети кои биле истрелани за пресретнување на руски.

Зеленски жестоко ги негираше овие тврдења и побара Украина да има пристап до истрагата, но тоа барање беше одбиено.

Слични содржини