Протекоа застрашувачки пораки: Ќе ја запалам па потоа ќе ја силувам

Драмата меѓу актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд не престануваат. Деп ја тужеше Амбер поради валкање на угледот и честа па од неа бара отштета од 50 милиони долари поради текстот кој актерката го напишала за The Washington Post во 2018 година.

 

Амбер е амбасадорка за женски права во Американскиот сојуз за граѓанска слободна па својо углед го искористила и за текстот во кој стои дека Деп ја злоставувал за време на бракот. Со оглед на тоа дека парот се влече по судови последниве четири години, не чуди како се откриени и највалканите работи од нивниот брак.

Па така, испливаа и пораки кои новинарката на порталот PageSix, Емили Смит, ги објави, а ја шокираа јавноста. Пораките кои Деп ѝ ги праќал на својата пријателка и актерка Паула Бетанја, биле прочитани на преелиминарното сослушување на судот во сојузната држава Вирџинија.

– Одиме да ја запалиме Амбер! Одиме да ја удавиме пред да ја запалиме!!! Потоа ќе ја еб*м за да се уверам дека е мртва – пишува во пораките кои Деп ги праќал во 2013 година.

Прочитани се и други пораки од мај 2014 година, во кои се зборува дека Деп ја удирал и фрлал со предмети по неа пред да се онесвести од сите опијати кои ги имал

– Испив повеќе од половина шише виски, илјада Ред Були и вотка, таблети, две шишиња шампањ во авионот – пишал Деп.

Сепак, адвокатите тврдат дека Херд се измислила.

Слични содржини