Протерани германски дипломати од Москва

од Aleksandar Petrovski

Двајца германски дипломати, вработени во амбасадата на Германија во Москва, се прогласени за „персона нон грата“ и донесена е одлука тие да ја напуштат Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Таквиот потег следува откако Германија протера руски дипломати од Берлин поради наводна вмешаност во убиството на еден грузиски државјанин во август оваа година.

Како што соопшти Министерството, дипломатите имаат рок од седум дена да ја напуштат Русија.

Во меѓувреме, германскиот амбасадор во Москва, Геза Андреас фон Геир е повикан во руското МНР на разговор, каде ќе биде информиран за реципрочните мерки преземени против германските дипломати.

Слични содржини