Протест на група граѓани пред Бугарската амбасада

од Nikola Popovski

Група граѓани денеска се собрале пред Бугарската амбасада во Скопје и мирно протестирале со транспаренти на кои било испишано „Не во ЕУ“, „1941=Берлин, 2022=Брисел“ и „Не за бугарските договори/уцени“.

Се извикувале паролите „Македонија, Македонија“, при што голем број од учесниците на протестот биле со старото македонско знаме со сонцето од Кутлеш.

Евидентно било големото полициско присуство околу зградата на амбасадата, како и во овој дел од градот.

„Тука сме луѓе кои сме против влезот на Македонија во ЕУ. Европа не ни е потребна во ниту една варијанта“, изјавиле некои од нив, пишува агенцијата „БТА“.

Протестот завршил со повици следниот четврток повторно да се соберат на истото место пред Бугарската амбасада. Засега не е познато кој е организатор на протестот.

Фото: БТА

Слични содржини