Протест на угостители: Маси и столици пред Владата

од Nikola Popovski

Во секој момент пред зградата на Владата, треба да започне најавениот протест на угостителите, откако по три дена протести на крстосницата во Автокоманда, решија да ја сменат локацијата.

Како што може да се види од сликата, денешниот протест ќе биде со малку поинаков изглед, односно угостителите поставиле маси и столици на булеварот, најверојатно алудирајќи на фактот дека Владата во моментов не може да ги усвои нивните барања за организирање на свадби и веселби во рестораните.

Протестот ќе трае од 15 до 17 часот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на прес-конференцијата  рече дека оваа дејност е опфатена во сите мерки и дека е подготвен да седне да разговара повторно, но дека нема храброст да побара од Комисијата за заразни болести да попушти во рестрикциите.

Слични содржини