Протест поради смртта на тинејџерка во Индија: Запалени автобуси, повредени полицајци

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 20 полицајци се повредени денеска во јужна Индија додека се обиделе да спречат толпа да запали автобуси паркирани во училишен комплекс, откако една ученичка извршила самоубиство, јавуваат локалните медиуми.

Демонстрантите насилно влегоа во училишниот кампус во областа Калакуричи во јужната држава Тамил Наду и ги запалија училишните автобуси и полициските возила.

Тие побараа правда за смртта на ученичката, објави весникот „Тајмс оф Индија“ на својата веб-страница, пренесе „Ројтерс“.

Тинејџерка била пронајдена мртва во средата во хостел на приватно училиште.

Наводно оставила порака во која изјавила дека двајца професори ја мачеле неа и некои други ученици терајќи ги постојано да учат, објавија локалните медиуми.

Родителите и учесниците на протестот побараа независна истрага за случајот.

Наставниците и раководството на училиштето ги негираа сите обвинувања за малтретирање на учениците, додека локалните медиуми објавија дека полицијата не нашла докази против нив.

Слични содржини