Протест пред српски „Информер“ поради објавено интервју со повеќекратен силувач

од Nikola Popovski

Повеќе од три часа денеска траеше протестот пред редакцијата на српски „Информер“ во Белград поради објавување на интервју со повеќекратен силувач кој неодамна е пуштен на слобода. Иако демонстрантите бараа да се појави уредникот на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, тоа не се случи, но од другата страна на влезот во зградата на „Информер“ го чекало едно лице и, како што пишува весникот, го нападнало. Српското јавно обвинителство поради ова покренало истрага, а засега весникот не сносил никакви санкции поради објавувањето на интервјуто.

Учесниците протестираа заради објавеното интервју со Игор Милошевиќ, кому таблоидот му ја посветува насловната страница на која тој се фали дека од својата 14 година досега минал само три месеци на слобода.

И покрај тричасовниот протест, упорното скандирање и барањата да престане да се шири страв, интервјуто со силувачот сепак може слободно да се видим, а грозоморните детали да се прочитаат во печатеното издание, поради што иницијативата „Ne davimo Beograd“ ќе бара забрана на тој весник.

Милошевиќ неодамна беше ослободен по повеќегодишна затворска казна, а бројни женски и граѓански организации во Србија изразија страв дека тој може да ги повтори делата, укажувајќи на опасноста од негово слободно појавување во јавноста.

Фото: BIZLife/Nova S/Informer

Слични содржини