Протест пред Уставниот суд: „Мафија на робија“, „Оставка“, „Има Грујо – нема мир“.

од desk3

Удирајќи во тенџериња и лонци група граѓани денеска повторно  се собраа пред Уставниот суд да го искажат незадоволството од одлуката на судот да ја разгледа иницијативата за промена на законот за помилување кој предвидува да може да се помилуваат и лица кои се гонат или се осудени за изборни криминали.

12784675_1240624555967044_1143799213_n-860x680

Насобраните граѓани извикуваа „Мафија на робија“, „Оставка“, „Каде ни се парите“, „Има Грујо – нема мир“.

– Правеле изборни криминали и сега сакаат амнестија. Не министри, што сакаат нека бидат, треба да одговараат. А и претседателот е партиски определен, затоа народот мора да излезе на протест. Законот треба да важи подеднакво за сите, без разлика дали некој од ВМРО-ДПМНЕ се огрешил – вели еден од присутните граѓани.

Владимир Милчин најави дека наредниот протест ќе биде в понелник на пладне.

– В понеделник ќе се собереме да бараме оставка за гробарите на Уставот. Ова ги засега сите кои сакаат да живеат во држава каде владеат права и има правдина. Не сметаат за наивни, за будали. Па ајде да им покажеме дека длабоко се лажат – рече Милчин.

На крајот на протестот граѓаните фрлаа со јајца кон Уставниот суд.

 

META

loading...

Слични содржини