Протест против „Јавна соба“: „Нашето Не, не значи Да!“

од Nikola Popovski

Под мотото „Јавна соба е кривично дело!” и со пароли “Жртвата никогаш не е виновна”,”Нашето Не, не значи Да, „Полицајците треба да не штитат, а не да бидат дел од Јавна соба”, пред Основното јавно обвинителство заврши протестниот марш против „Јавна соба“, на кој беше изразена поддршка на жртвите од групата отворена на апликацијата Телеграм, во која се споделуваа фотографии и податоци од жени без нивна дозвола.

Со гласни пораки по главните улици и во голем број, дадоа до знак дека нема веќе да молчат.

Протестот почна пред зградата на Министерството за внатрешни работи, со почитување на протоколите за заштита од ковид-19, и заврши пред зградата на Јавното обвинителство, каде присутните побараат расчистување на случајот кој го сметаат за кривично дело. Демонстрантите побараа да се пронајдат креаторите и администраторите на групата, а не само „да се затвораат групите“. Тие велат дека жртви на сексуално насилство има многу, но дека „се плашат да пријават во полиција, бидејќи полицијата не постапувала по ваквите пријави“.
Од МВР соопштија дека даваат апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на Јавна Соба.
„Важно е да се подигне јавната свест за појавите како Јавна Соба, важно е и ефикасно делување на институциите на системот, велат од Министерството за внатрешни работи. Како МВР ефикасно преземавме многу чекори коишто придонесуваат во истрагата за „Јавна Соба“, со цел санкционирање за одговорните. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавно обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од Јавна Соба. Сакам да уверам дека неселективно постапуваме кон сите што се детектираат и идентификуваат и ќе биде спроведена постапка, сѐ со цел да се обезбедат докази и да се достават до Јавното обвинителство. Веќе информиравме за слична група, во која има и членови кои не се од нашата земја, а на којашто се приклучуваат и членови од земјава, така што и тука се постапува и се следи и за сите други активности коишто ги имаме за други групи на социјалните мрежи, будно следиме будно и покренуваме соодветни постапки“, се вели во соопштението на полицијата.

Слични содржини