Протест во 17:30 – Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд

од desk3

Граѓанската иницијатива „АЈДЕ“ со експресна реакција на одлуката на Уставниот суд со која претседателот ќе може да помилува лица осудени за изборни измами.

Во целост ви го пренесуваме повикот за протест објавен на Фејсбук:

10626566_1061553620570855_2598868548097581199_n-670x252

Уставниот суд денеска застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за помилување, поточно за забраната Претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување.

Европските пратеници побараа од партиите примена на препораките на Прибе

Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок.

Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот.

Затоа, денеска во 17.30 часот, АЈДЕ ве повикува да протестираме пред Уставниот суд на Република Македонија.

На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, ќе им порачаме, јасно, гласно и решително, дека тие се одговорни пред сите нас – граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на владејачката партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта.

НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

loading...

Слични содржини