Протест во Белград против најавените мерки (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Српски граѓани се собрани пред Собранието во знак на протест против најавеното воведување полициски час.

Демонстрантите го блокираа сообраќајот на пресекот на плоштадот Никола Пашиќ и улицата Таковска.

Некои извикуваат пароли против властите, а некои упатија свирежи.

Поради алармантната епидемиолошка состојба во Белград, се воведуваат нови мерки – забрана за собирање на повеќе од пет лица и полициски час за викенд, најави претседателот Александар Вучиќ.

Тој вели дека би сакал забраната за движење да биде во сила во цела Србија, но дека конечната одлука за тоа ќе ја донесе Кризниот штаб.

Слични содржини