Протест во Минск: Метрото е затворено, блокиран е интернетот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Десетици илјади луѓе се собраа на улиците во Минск на уште еден протест за „Партизанскиот марш“. Полициски возила и воени камиони има на улиците. Властите денес, сепак, го затворија метрото во Минск и го блокираа интернетот.

Демонстрантите маршираат низ центарот на градот, носејќи црвено-бели знамиња и извикувајќи: „Да живее Белорусија“, „Фер избори“. Полицијата соопшти за Спутник дека веќе голем број демонстранти се во притвор.

Плоштадот „Независност“, едно од традиционалните места за одржување масовни акции на приврзаници на сегашната власт и опозиција, денес е опкружен со метална ограда, додека припадниците на полицијата дежураат.

Колона од камиони и специјална опрема, вклучително и водени топови и оклопни возила „Рубеш“, мина утрово покрај авенијата „Независност“. Сообраќајот беше блокиран по околните улици.

Вакви масовни протести се одржуваат во недела трет месец по ред и по правило се придружени со бројни апсења.

Да потсетиме, во саботата во Минск се одржа протест на жени. За разлика од студентскиот протест за време на апсењата, полицијата не уапси ниту една од приближно 100 жени што се собраа на овој, исто така неодобрен собир.

loading...

Слични содржини