Протест во Приштина: Рама е прогласен за предавник поради „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski

Движењето за демократија организираше симболична акција пред Амбасадата на Албанија во Приштина против поддршката што албанскиот премиер Еди Рама ја дава за реализација на иницијативата „Отворен Балкан“, како замена за „Мини Шенген“.

Пред албанската амбасада поставија билборд на кој Рама беше наречен предавник како Есад Паша Топтани.

„Не заборавивме каков геноцид изврши Србија врз цивилното население на Косово, предводено од Милошевиќ и неговиот министер Вучиќ. Иднината на нашата земја е во Европската унија и со поддршка на САД, а не од она за што вие тврдите дека е „Нова Југославија“. Ве потсетуваме кој е вашиот соучесник Вучиќ и какво злосторство извршил против цивилното население на Косово“, пишуваше на билбордот.

На него имаше и фотографии од злосторства извршени за време на војната во Косово.

За Косово, соработката на Рама со српскиот претседател Вучиќ е неприфатлива, рече Мечит Рамуса, од Движењето за демократија.

„Со оваа активност, изразивме незадоволство кај премиерот на Албанија, Еди Рама, поради неговите врски со Вучиќ, со српскиот криминалец кој ги изврши масакрите на Косово и ги презентиравме сите факти за неговите врски со Милошевиќ и противењето на иницијативата „Мини Шенген“. Нашата иднина мора да биде со ЕУ и САД. За нас е бесмислено да влеземе во Мини Шенген, каде што е Србија. Ние се противиме на тоа бидејќи Србија не се извини за геноцидот што го изврши на Косово. Ние, исто така, се противиме на дијалогот без да и се извиниме на Србија“, рече Рамуса.

Слични содржини