Протестен марш за случајот „Монструм“

од Берта Китинска

Почна закажаниот протестот против пресудите за случајот „Монструм“.

Со бројни транспаренти, толпата граѓани се движеше  по главниот булевар низ населбата Чаир во правец на Бит-пазар. Во еден момент на  булеварот Крсте Мисирков беше раширено огромно албанско знаме.

На претходниот протест пред неколку недели, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11-мина полицајаци – нападната беше и новинарска екипа.

Според најавите денешниот протестот треба да заврши пред Владата.

Слични содржини