Протестен собир на здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка

од Берта Китинска

Во четврток, 01.10.2020 година, со почеток во 15:00 часот Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка ќе одржи мирен протестен собир пред Собранието на Република Северна Македонија.

На овој собир Здружението ќе бара од сите Политички партии во најбрз можен рок да го гласаат предлог законот за регулирање на побарувањата на оштетените штедачи од Еуростандард Банка и со тоа да покажат дека подршката што ни ја дадоа за законското решение во изминатиот период не била само декларативна туку дека народните претставници се грижат подеднакво за сите граѓани.

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка ги повикува сите граѓани на РСМ како и сите правни лица да им се приклучат на
овој мирен протест, затоа што ова што на нас ни се случи сега може да им се случи на нив утре, доколку државата не реагира и не превземе мерки за криминалното однесување на
Менаџментот на Еуростандард Банка како и толерирањето на истиот тој криминал од страна на Народната Банка и останати надлежни институции.

Се повикуваат сите учесници на мирниот протестен собир да ги почитуваат правилата за мирен протест, запазување на јавниот ред и мир и мерките за превенција од Ковид 19 вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните. Воедно, за време на протестот Иницијативниот одбор на Здружението во просториите на Собранието ќе одржи заеднички состанок со претставниците од сите Политички партии од Собранието каде очекуваме на истиот да се дефинира динамиката на носење на законот, и заклучоците и дефинираниот план од состанокот ќе бидат претставени на медиумите по завршување на истиот на прес конференција пред Собранието на која се поканети сите претставници на медиумите.

Слични содржини