ПРОТЕСТИ ЈА БЛОКИРАА ПОЛСКА: Голем бунт околу законот за абортус

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници блокираа патишта низ Полска на петтиот ден од протестите за речиси целосната забрана за абортусот. Во главниот град на Полска, Варшава, демонстрантите блокираа големи раскрсници, запирајќи автомобили и трамваи еден час. Многумина носеа транспаренти: „Би сакала да ја абортирам власта!“.

Протестите не се чести во Полска, каде Католичката црква има големо влијание. Претходниот ден, демонстрантите ги прекинаа службите и напишаа графити на ѕидовите на црквата.

Демонстрациите започнаа откако Уставниот суд пресуди дека абортусите се нелегални, дури и во случаи кога фетусот е оштетен. Според новиот закон, абортусот е дозволен само во случаи на силување или инцест, или за да се заштити животот на мајката. Блокадите се организирани во околу 50 градови низ целата земја.

Истражувањето од 2014 година покажа дека 65% од Полјаците се против абортус, 27% го прифаќаат, додека 8% се неодлучни.

Повеќе од 1.000 легални абортуси се вршат секоја година во Полска, но групи за заштита на правата на жената велат дека абортусите се вршат нелегално или во странство. Затоа, се проценува дека бројот е многу поголем – помеѓу 80.000 и 120.000.

Демонстрантите се собраа и пред полските амбасади во Лондон и Киев.

Слични содржини