ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЛУКАШЕНКО: Полицијата апси демонстранти и приведува новинари додека емитуваат вести во живо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Полицијата во Белорусија приведе околу стотина демонстранти, како и новинари, кои излегоа во знак на протест против кампањата за реизбор на претседателот Александар Лукашенко.

Опозициските кандидати собираа потписи од приврзаниците во Минск пред да пристигне полицијата.

Александра Динко, известувач за белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, беше приведена додека таа ги пренесуваше вестите во живо, заедно со снимателот Андреј Рабчик.

Во саботата, групата за човекови права „Вјсна“ објави дека за време на протестот биле уапсени најмалку 120 лица низ целата земја, а некои од нив се ослободени.

Претходно, белоруските власти го уапсија водечкиот кандидат на опозицијата, Виктор Бабарик, под сомнение за финансиска измама.

Некои опозициски активисти, новинари и блогери исто така се уапсени во последните неколку недели.

Претседателските избори во Белорусија се одржуваат во август, а досегашниот претседател Александар Лукашенко се кандидира за шести мандат.

Слични содржини