Протести против вакцининација: Локална корона битка или вистинска грижа за здравјето?

од Vladimir Zorba

Лажни вести, партиски реакции и апели од институциите. Ова е сликата по протсетите кои се одржаа под мотото „Стоп за одземање на слободата”, а по повод најновите владини мерки за борба против коронавирусот.

Организаторите порачаа дека со најновите владини мерки против Ковид-19, се ограничуваат основните човекови слободи и права, дека се загрозува и „слободата на избор”. Антиваксерите носеа транспаренти со „Не за вакцинација“, „Мое тело, мој избор“ и извикуваа „Сакаме слобода“, итн.

На ваквата слика им се придружија и политичките партии. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Првите ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат, вторите пак, обвинуваат дека мерките се задоцнети, и бараат оставка од владините врв.

Ваква е сликата на македонската општествена сцена во пресрет на локалните избори. Зошто лажни вести за пандемијата која е животно загрозувачка, се употребуваат во политички цели? Одговор на ова прашање побаравме од комуникологот Сеат Џигал кој за „Локално“ вели, дека проблемот е глобален.

-Овој вирус за жал покрај тоа е што е глобален здравствен проблем, стана и клучно геополитичко прашање, како настанал вирусот, дали е природен или подметнат, кој е одговорен за неговото ширење, кој треба да понесе најголема одговорност, чија вакцина е најдобра, кој ги одредува правилата пос тој т.н. „голем ресет“, и така натаму. Во таа борба на геополитички план пласирањето на лажни вести се покажа како нова стратегија во борбата на интереси на главните глобални фактори со цел да се наруши кредибилитетот на некоја од противничките страни, да се предизвика конфузија во нивните општества или да се поткопа легитимитетот на нивните политички лидерства или институции. Македонија, на пример, жестоко се соочи со комплексноста на оваа геополитичка реалност кога мораше да се снаоѓа во набавката за вакцините во текот на пролетва годинава. Исто така, Македонија како земја со евро-атлантска ориентација нужно беше зона на интерес во судирот на геополитичките фактори кои беа движечка сила за користењето на лажните вести во оваа борба на информации и наративи. На внатрешен план, Македонија за жал не може да се пофали со квалитетна медиумска писменост, така што земјава за жал лесно стана жртва на ваквите дезинформациски кампањи, вели Џигал.

Македонската јавност пак, е сведок дека граѓаните се поделија во две групи. Првите на вакцините гледаат како на „живот“ другите како на „смрт“. Во врска со коронавирусот, освен граѓаните, се поделија и политичките партитии.

Од СДСМ велат дека зад протестите стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, поддржани од коалицијата „Бојкотирам“. Порачуваат дека со вакцинте не се дискриминира, туку се заштитува јавното здравје.

-Со овој начин на делување ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните. Лажните информации со кои некој упорно сака да ве одврати од вакцинацијата се на ваша директна штета, на штета на вашето здравје и на штета на здравјето на оние околу вас. Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето но и јавното здравје. Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро. Вакцини има доволно. Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека протестите против мерките на владата се доказ дека народот го кренал гласот и излегол на улица против Заев и Филипче.

-Народот крена глас против Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки. Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите. Народот пак воопшто не го слушаат! Доцнеа со подготовка на здравствениот систем, кој пак се уште не е подготвен ни за 4-тиот бран. Бројките на заболени вртоглаво растат, а има веќе и по 10-тина починати на ден. Од Филипче и Заев одговори не се чекаат! Само да заминат од функциите и да се спаси народот!, стои во писменто соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од партитие очигледно ја злоуопотребуваат коронакризата и тоа во време кога бројките на заболени и починати од коронавирусот растат. На прашањето на Локално, како да се справиме со лажните вести кои без мерка се пласираат во јавноста, Џигал вели, во општетвото треба да се обезбеди и да се негува културата на дијалог и толеранција.  Таа пак, посочува тој, се постинува на долг рок – со правилни стратегии, политики и образовни практики, а на среден и кус рок – преку стручна ангажираност и инклузивно лидерство во повеќе сфери од општеството.

– Логично е да се праша, да речеме, како може да се отвори дијалог со оние кои не прифаќаат дека короната воопшто постои и одбиваат вакцини? Ако внимателно, на пример, погледнеме во групата на невакцинирани граѓани има различни подгрупи, од оние кои се против сите вакцини, т.н. радикални анти-ваксери, преку оние кои се само против вакцината за корона, потоа оние кои имаат хронични проблеми и не се сигурни во безбедноста на вакцините, до оние кои не се доволно информирани или кои се дезинформирани преку социјалните мрежи или нивната потесна средина. Отворената и позитивна комуникација кон нив, ненапаѓањето, ненавредувањето, неетикетирањето, потенцирањето на фактите, научно-потврдените сознанија, искуства, пракси и примери, може да создаде услови и да им помогне да ги протолкуваат правилно фактите од дезинформациитеи заблудите и да донесат правилна одлука за своето лично здравје, а во прилог на јавното здравје. Начинот на кој се комуницира со нив, и дали се овозможува дијалог, има клучна улога кон тоа кон која страна ќе се приклонат голем дел од нив. Напаѓањето, жигосувањето и заплашувањето само го продлабочува проблемот, вели Џигал.

Здравствентие експерти се едногласни во мислењето дека лажните вести и дезинформациите претставуваат опасност која го минира справувањето со најголемата здравствена криза на нашето време.

Од Лекарската комора побараа итно да престане говорот на омраза кон лекарите и предупредува дека тоа е кривично дело за кое се предвидени и затворски казни. Од институцијата велат дека доколку ваквите активности продолжат, ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции. Комората, во соопштението до јавноста, напоменува дека од самиот почеток на пандемијата, одредени структури, за кои сметаат дека се водени од нејасни цели, го негираат постоењето на вирусот и потребата од примена на заштитни мерки, како маски и одржување дистанца, со што директно влијаат на зголемениот број на заболени.

-Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата. Во таа борба лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот, пишува во соопштението на Комората.
Според здравствената статистика 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините.

Остра осуда стигна и од Хелсиншкиот комитет за навредите кон лекарите кои беа наречени „убијци“ на вчерашниот протест. Тие упатија и апел до граѓантие да се информираат од релевантни извори, засновани на научни сознанија и препораки и да ги отфрлат информациите базирани на лаги и теории на заговор.

– Ги повикуваме сите општествени чинители присутни во јавниот живот, да бидат свесни за потребата од одговорен и рационален пристап во борбата со пандемијата и да не ги охрабруваат ваквите наративи, кои не само што се на штета на јавното здравје, туку водат и до понатамошна општествена поларизација, што е особено опасно при криза од вакви размери“, пишува во соопштениетпо од Хелсинкиот комитет.

Владинте мерки предвидуваат целосна забрана на работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип. Се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, на прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани.

Б.Т.

Слични содржини