Протести против задолжителната вакцинација во Латвија

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници луѓе излегоа на улиците на латвиската престолнина доцна во средата за да протестираат против задолжителната вакцинација против КОВИД-19.

Балтичката новинска агенција (БНС) објави дека бројот на луѓе го надминал максималниот дозволен јавен протест, луѓето не ја почитувале физичката дистанца и многумина не носеле маски за лице.

Според полициските извештаи, учествуваа до 3.500 луѓе, пренесува АП.

Полицијата во четвртокот соопшти дека започнала истрага за неколку помали инциденти, вклучително и скршено прозорско полициско возило и петарди.

Протестот завршил околу полноќ.

Слични содржини