Протести веќе четвртата ноќ по ред поради полицискиот час во Холандија

од Stefanija Kuzmanovska

Четврта ноќ по ред се одржуваат протести против карантинските мерки во Холандија, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени порано беа испратени дома заради безбедност, пренесува „Ројтерс“.

Властите ги повикаа родителите да ги чуваат своите деца во дома, предупредувајќи дека може да завршат со криминално досие и да добијат огромни казни за уништување автомобили, продавници и јавен имот.

Во повеќе од десет градови е повикана полиција за немири, а многумина издадоа наредби за итни случаи кои им дадоа на полицајците поголеми овластувања за вршење претреси.

Имавме протести во минатото, но тие ретко се одржуваа неколку ноќи по ред во градовите низ целата земја, изјави портпаролката на националната полиција. Таа објасни дека тие не се одржуваат само во области за кои се знае дека се проблематични, туку се многу пораспространети.

Холандската полиција синоќа уапси повеќе од 180 лица кога групи демонстранти започнаа да палат оган, фрлаат камења и ограбуваат продавници во повеќе градови. Досега се уапсени над 470 лица, најголемиот дел од агресијата беше насочена кон припадници на органите за спроведување на законот, а полицијата користеше водени топови во повеќе градови.

Слични содржини