Протести во Белорусија: Полицијата апси во Минск

од Vladimir Zorba

Демонстрантите повторно се собраа во главниот град на Белорусија за да протестираат, како што тврдат, за кражбата на изборите и бараа оставка од претседателот Александар Лукашенко.

Агенциите јавуваат дека десетици демонстранти биле уапсени по краток судир со полицијата.

Потоа полицијата им го блокираше патот и започна со апсење на насобраните, претежно жени кои сега традиционално се собираат во сабота на протест против Лукашенко и за поддршка на опозициските лидери Марија Колесникова, Светлана Тихановскаја и Валерија Цепкало.

Слични содржини