Протести во Грција: секој ден против Македонија

од desk4

Во Грција постојано се протестира против постигнатиот договор во спорот околу името со соседната држава Македонија. Револтирани се првенствено националистите. Историчарите критички гледааат на протестите.

    
Griechenland Proteste in Thessaloniki Namensstreit Mazedonien (Getty Images/AFP/S. Mitrolidis)

„Губете се!“, се дере човек облечен целиот во црно, со избричена глава. Во рацете држи грчко знаме. „Снимањето овде е забрането“, довикува друг. „Зошто? Па ова е легално“, одговарам јас. „Затоа што јас така велам“, одговара грубо тој. Двајцата се дел од група од околу 200 националисти, собрани пред Белата кула, симбол на грчкиот втор по големина град, Солун. Тие демонстрираат против постигнатиот договор во спорот за името со соседна Македонија. Новинари и критичари овде не се пожелни.

На извесно растојание се позиционирани неколку камермански тимови на грчки медиуми. „Не сакаме да провоцираме“, објаснува една репортерка. „Оваа мала група речиси нема тежина, тие не го отсликуваат мнозинското мислење во Солун“. Навистина, само мал број минувачи обрнуваат внимание на собирот. „Македонија е грчка и православна!“ стои на еден транспарент. Според актуелните анкети на јавното мислење, околу 63 проценти од Грците го застапуваат овој став. Тие не се согласуваат со спогодбата потпишана во Преспа пред еден месец меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега по функција, Зоран Заев. Изневерени од политичарите се чувствуваат првенствено ултрадесничарите и најтврдокорните православни христијани.

Thessaloniki Nationalismus Professor Vemund Aarbakke (DW/F. Schmitz)Вермунд Арбаке: Александар Велики припаѓа на едно друго време

Патриотизам наместо судири

Одамна грчките националисти не биле толку активни како денес. Пред неколку недели група насилни демонстранти од десничарскиот спектар упадна во кафуле каде се собираат претежно левичари, во центарот на Солун. Посетителите завршија со модрици и шок. Се сквернават ерејски споменици за жртвите од холокаустот на Плоштадот на слободата, исто така и на универзитетскиот кампус. Норвежанецот Вермунд Арбаке на тоа само врти со главата. Тој веќе 15 години предава и истражува на Институтот за историја на Универзитетот Аристотел во Солун. Негова стручна област е политичката историја на Балкан.

Протестите во неговата избрана татковина Грција го растажуваат: „Сите овие агресии, оваа омраза и овој страв дека некој ќе ни ја украде историјата, тоа ништо не носи.“ Според Арбаке, во општествената расправија околу прашањето за Македонија пред сѐ недостига едно- историски факти. Тој е убеден дека е погрешно одговорите на денешните проблеми да се бараат во антиката. „Ако како историчар ме прашате дали Александар Велики бил Грк или Македонец, јас одговорам дека тој припаѓа на едно друго време.“ За него е чудно идентификувањето со античките херои. „Јас сум Норвежанец. Но, ако зборувам за Викинзите, тогаш не зборувам ‘ние’. Тоа е одамна минато.“

Во Грција првенствено се реагира емоционално. „Станува збор за еден специфичен грчки начин сегашната ситуација да се прилагоди на националната самосвест“, критикува тој. Централна улога игра и образованието. „Многу студенти се шокирани кога првпат ќе прочитаат научни текстови на темата и ќе констатираат дека она што го учеле во училиште сепак е сосем поинаку.“ Дури од 1990-те години постои критичко соочување со годините на основањето на земјата и со граѓанската војна. А токму оваа епоха е решавачка за она што денес се нарекува „прашањето Македонија.“

Mazedonien Griechenland Namensstreit beigelegt Zaev und Tsipras (Reuters/A. Konstantinidis)Зоран Заев и Алексис Ципрас испишаа историја

На Балкан речиси нема дијалог

Грчките ултрадесничари и нивното креирање агресивно расположение против северниот сосед се само дел од ледениот брег. Националните позиции се провлекуваат низ сите слоеви на општеството на земјата која во тврдите години на кризата мораше да истрпи многу удари. Токму затоа многу луѓе, посебно во северна Грција, зборуваат пред сѐ за Dropiсрам, чемер, а не на пример за воведни чекори во стабилна, заедничка иднина или економските предности за двете страни. Речиси нема контрадемонстрации или политички собири на поддржувачите на договорот од Преспа.

Не само во Грција, туку и во околните држави, процесите на меѓусебно приближување се поддржувани претежно од молчаливо мнозинство. Само малкумина се осмелуваат јавно да се декларираат за соседски ориентирана надворешна политика или да ја признаат заедничката историја. Преголема тежина имаат културолошките процеси на разграничување во регионот, во кој националните граници играле улога дури во доцниот 19. век. Тоа што Алексис Ципрас во својот говор во Преспа, Грција ја означи како дел од Балкан, претставува кршење на едно табу.

Повеќе: 

„Тројанските коњи“ на Договорот Скопје-Атина, се врв на ледениот брег!

Заев тврди дека насилството во Скопје било платено со грчко-руски долари

Мозаикот од кој се изроди договорот

Историјата како приближување

Ѕвездана Ковач, раководителка на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа со седиште во Солун, го поздравува договорот меѓу Грција и Македонија. За новинарката по потекло од Црна Гора, тој е историски чин. Нејзиниот Институт веќе 20 години поддржува и мотивира процеси на културолошко приближување во регионот. Решавачка улога притоа игра историското образование. „Во сите држави од Балкан и Грција пристапот кон историјата е во прва линија его- и етноцентрички. Се глорифицира сопствената земја, а соседите се обвинуваат. Ние вршиме мотивирање да се прифати и позицијата на другите.“

Таа критички ја оценува улогата на Западот. По војните во Југославија, Европа на регионот му обрна премалку внимание, истакнува Ковач. „Се заборава дека Балкан е дел од Европа. Ако демократските процеси овде се во опасност, можни се фатални последици за целиот континент.“

За Вермунд Арбаке отпорите кон меѓусебно приближување имаат корен пред сѐ во консекветното негирање на заедничкото минато. Мора да се прифати дека регионот носи печат на културна разноликост. „Во Грција често владее догма дека земјата е похомогена од другите земји во Европа. Секако, тоа не е точно. Потребно е соочување со реалноста и со различноста. Оној, како некои овде, кој пропагира културна чистота, ќе постигне првенствено само проблеми.“

DW.COM

Слични содржини