ПРОТЕСТИ ВО ИТАЛИЈА: Судир на демонстрантите со полицијата, повреден полицаец

од Stefanija Kuzmanovska

Сопствениците на италијански ресторани и други незадоволни од владините епидемиолошки мерки, поради кои тие не работат со недели, денеска се судрија со полицијата за време на протестот пред парламентот во Рим.

АП го пренесува пишувањето на агенцијата „Ла Пресе“ за фактот дека во денешните судири во кои учествуваа неколку стотини демонстранти, бил повреден полицаец.

Демонстрантите, патем, протестираа без заштитни маски и побараа од владата да им дозволи повторно да работат.

Агенцијата известува за извештајот на АНСЕ дека безбедносните сили интервенирале откако демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и дека меѓу собраните кои учествувале во немирите има и членови на екстремно десничарски политички групи.

Изразувајќи солидарност со повредениот полицаец, потсекретарот на Министерството за внатрешни работи на Италија, Карло Сибилија, во писмената изјава рече дека нема да се толерира никакво насилство, наведува АП.

Рестораните, баровите и кафулињата во Италија се затворени барем до крајот на април, а им е дозволена само шалтерска продажба или услуги за достава.

Слични содржини