Протести во Киев: Демонстрантите се судрија со полицијата, неофицијално има еден загинат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во Киев, претприемачите кои бараат даночни олеснувања се обиделе да влезат во зградата на Врховната Рада, по што настанала тепачка меѓу нив и полицијата.

Демонстрантите марширале низ централните улици на градот. Меѓу нивните барања е и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик. Потоа демонстрантите се вратиле во зградата на Рада и продолжиле со протестите.

Иницијативна група демонстранти потоа се обидела да влезе во зградата на парламентот. Поради тоа дошло до тепачка, а полицијата употребила солзавец и уапсила неколку учесници на собирот, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратиле од бината, објави „Риа новости“.

За време на судирите, демонстрантите палеле димни бомби и факели.

Во центарот на Киев, пред Главната дирекција на Службата за безбедност на Украина, непознат напаѓач отворил оган од автомат.

Медиумите наведуваат дека може да се работи за напад врз организацијата Украинско знаме, а според неофицијални информации, има и еден загинат.

Украинските бизнисмени почнаа со протести во ноември 2020 година. Најпрво се спротивставија на ограничувањата поради коронавирусот, а подоцна почнаа да бараат укинување на одредени законски норми во даночната област. Претприемачите, меѓу другото, се спротивставуваат на законите со кои се бара од сопствениците на мали бизниси да имаат фискални каси. Од 15 декември 2020 година тие протестираат без престан и сега дежураат во централниот дел на Киев, повремено одржуваат прошетки и митинзи.

 

Слични содржини