Протести во Тунис поради полициското насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Насилни протести избувнаа на улиците на главниот град на Тунис во саботата вечерта, додавајќи притисок врз владата на премиерот Хихем Мечичи за сузбивање на полициското насилство.

Судирите се случија во туниската населба Сејуми, по протестите одржани претходно во саботата во центарот на градот, за време на кои демонстрантите фрлаа столови и камења кон полицијата, која возврати со шутирање и удирање со палки.

Објавувањето на видеото од полицијата која соблекува и тепа младо момче оваа недела предизвика гнев во земјата и предизвика сомневања за кредибилитетот на полициските реформи преземени по револуцијата во 2011 година.

Уапсени се полицајците вклучени во инцидентот, а премиерот рече дека инцидентот е шокантен и неприфатлив.

Протестите во Сејуми избувнаа во вторникот откако момчето уапсено од полицијата под сомнение за трговија со дрога почина во притвор. Семејството ја обвини полицијата дека го претепала до смрт. Туниското Министерство за внатрешни работи го негираше обвинението.

Активистите за човекови права изјавија дека полициското насилство се заканува да ги поткопа демократските придобивки постигнати по соборувањето на репресивниот режим на претседателот Зина Ел Абидин Бен Али пред десет години.

Слични содржини