Протестот на ЈСП ќе трае: „Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража“

од Берта Китинска

Возачите рано утринава, пред почетокот на работното време, се собраа на протест во базите на претпријатието во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Тие одбија да подигнат патни налози и да влезат во автобусите поради неисплатена плата.

Се жалеа дека директорот Александар Стојковски им вршел притисок за да возат. Тој негираше.

-Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража. Дојдени сме сите вработени од прва, втора и трета смена, вели претседателот на Независниот синдикат на возачи при ЈСП Африм Муча за МИА.

Град Скопје најави кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и, како што велат, го држат во заложништво Скопје и скопјани.

Слични содржини