Против кои видови на корона делува вакцината на „Џонсон и Џонсон“?

од Stefanija Kuzmanovska

Холандскиот комитет за евалуација на лекови (ЦБГ) денес објави дека очекува еднократната доза на „Џонсон и Џонсон“ од вакцината против ковид-19 да делува против сите познати варијанти на коронавирусот.

„Се очекува да делува на сите познати варијанти“, истакна директорот на ЦБГ, Тон де Боер, на прес-конференција откако вакцината беше одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), објави „Ројтерс“.

Денес ЕМА даде препорака за условно одобрување на вакцината против Ковид-19, која ја произведува компанијата „Џонсон и Џонсон“.

ЕМА наведува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 67 отсто по две недели и дека ги исполнува критериумите за безбедност и квалитет во однос на спречување на ковид 19 кај лица постари од 18 години.

Слични содржини