Почетна / Глобално / Против поранешниот министер за правда на Франција Мишел Мерсиер покренато обвинение за финансиска злоупотреба

Против поранешниот министер за правда на Франција Мишел Мерсиер покренато обвинение за финансиска злоупотреба

Поранешниот министер за правда на Франција Мишел Мерсиер, кој никогаш не бил пратеник во Европскиот парламент, но бил благајник на МОДем до 2009 година, е обвинет за „соучесништво при злоупотреба на јавните средства“, во рамките на истрагата која се води за фиктивните вработувања на парламентарни асистенти во ЕП, јавува дописникот на МИА.

Поранешниот министер за правда Мишел Мерсиер беше обвинет во средата, 20 ноември од истражните судии во рамките на истрагата за фиктивното вработување на асистенти на европратениците од редовите на МоДем, а кои всушност работеле само за партијата. Мишел Мерсиер, кој никогаш не бил член во Европскиот парламент, работел како благајник напартијата  МОДем до 2009 година.

Истражните судии сакаат да се утврди дали парламентарните соработници биле платени од фондовите на Европскиот парламент кога всушност биле распоредени на други задачи за центристичката партија. Поранешниот министер е обвинет дека работел како „исплаќач на трети лица“ со оглед дека тој им ги исплаќал платите на асистенти на европратениците, според извор запознаен со предметот.

-Не судевме за работа, немавме авторитет над вработените. Ние само плаќавме, тоа е сè “, им рекол тој на истражните органи во канцеларијата за борба против корупцијата во Нантер на 9 јули.

Вкупно истражните судии од финансискиот центар на парискиот суд повикаа петнаесет лица, меѓу кои и европратеници и партиски претставници, за да ги обвинат. Рочиштата, предводени од судијата Шарлот Билгер, започнаа на 15 ноември со првото обвинение, за финансискиот директор на МОДЕМ Александр Нардела, обвинет за „соучесништво при злоупотреба на јавни средства“ и „затајување“.

Мишел Мерсиер е вмешан од 2017 година во друг случај на наводно фиктивно вработување, овој пат во врска со вработување на една од неговите ќерки и неговата сопруга. Прелиминарната истрага сè уште е во рацете на Националниот обвинител за финансии.

Сослушувањата ќе бидат до 6 декември, кога претседателот на МОДем Франсоа Бајру се очекува во судот во Париз, според извори блиски до случајот. Мариела де Сарнез, европратеник од 1999 до 2017 година и број два на центристичката партија, сега претседател на комисијата за надворешни работи на Националното собраниеи и Силви Гулард, пратеник од 2009 до 2017 година и моментално заменик гувернер на Банк де Франс и неуспешен кандидат за комесар во ЕК ќе  да бидат сослушани на почетокот на декември. Франсоа Бајру и Мариела Сарнез веќе беа сослушани од полицијата во септември.

Отворањето на прелиминарна истрага од страна на обвинителството во Париз во јуни 2017 година доведе до оставка на Франсоа Бајру од функцијата министер за правда, како и оние на Мариела де Сарнез од функцијата министер за европски прашања и на Силви Гулард на функцијата министер за војската.

Истрага за фиктивни вработувања на асистенти во ЕП се води и за Националниот фронт, сега Национален собир на Марин ле Пен.

loading...