Противнички тренер: Гергес сервира како Карловиќ само со големи гради

од Vladimir Zorba

Кристијан Захалка, тренерот на Јапонката Мисаки Дои, за време на вчерашниот меч со Германката Јулија Гергес на турнир во Луксембург, избра необична споредба кога даваше совети на својата тенисерка.

Австралискиот стручњак се сети на 10-кратниот победник на АТП турнирот Иво Карловиќ.

– Разбирам дека е исто како да се игра против Карловиќ со големи гради, но таа нема да може постојано така да сервира, ја посоветува Захалка Јапонката Дои.

Сепак, советите од тренерот не дадоа резултати и Дои го загуби мечот со 1:2 (7:5, 1:6 и 3:6).

Слични содржини