Противзаконски, ВМРО-ДПМНЕ ја затворила сметката од изборите со долг од 400 илјади евра

од Aleksandar Todeski

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со долг од 400.000 евра ја затворила сметката по претсесателските избори, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

Ова е спротивно на Изборниот законик, кој предвидува политичките партии, кои наменски за избори отвараат сметки да бидат затворени со ниту еден денар долг.

Членот 10 од Изборниот законик предвидува трошоците за кампањата да бидат покриени единствено од таа сметка, сметката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изборите останала во минус поради неплатени фактури кон фирма чии услуги ги користела за кампањата.

Најголемиот дел од долгот е кон печатницата „Полиестердеј“, односно 350.000 евра, пари кои и по половина година од кампањата не се легнати на контото на фирмата. Потписник на завршниот извештај на опозициската партија е генералниот секретар, Игор Јанушев.

Согласно изборниот законик, ако се утврди неправилност во финансискиот извештај на некоја партија, истата може да заработи прекршочна постапка или пријава до јавен обвинител.

Слични содржини