Протоколи кои ќе треба да ги почитуваме: Се забранува пробување на облека во трговските центри, а во обложувалница на шалтер присутен по еден играч

од Берта Китинска

Владата денеска ги објави протоколите за начинот на работа кои произлегуваат од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Протокол за отворање и работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница

1. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните места.
2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.
3. Влез со маски за сите играчи
4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња
5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата
6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата
7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци
8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства

Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари

1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа;
2. Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат;
3. Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 – 2 мм, но не повеќе од 30 лица;
4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски;
5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете;
6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите;
8. За време на паузите се забранува групирање на присутните;
9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.
10. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.

Протокол за отворање и работа на молови

1. Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во недела
2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5m2.
3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
4. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените
5. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
6. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5m – 2m
7. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки
8. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач
9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
10. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете
11. Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека
12. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.
13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2m меѓу купувачите
14. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Слични содржини