Протоколите за новата учебна година се речиси готови, досега вакцинирани 10 илјади наставници

од Берта Китинска

Протоколите за враќање на сите ученици во училиштата се скоро готови, има уште некои технички детали кои го работат работната група од Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози од Комисијата за заразни болести, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој смета дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат во школите.

-Се однесува на тоа ученици да се присутни 100 проценти, т. е целото одделение или клас. Мерките се однесуваат на тоа да нема мешање на различни класови, и мерки за дезинфекциј, рече Филипче.

Од 30 илјади наставници, досега се вакцинирани 10 илјади, односно тие кои одеа на настава со физичко присуство и кои беа дел од полагањата на државната матура.

Слични содржини