Протуѓер: Груевски лично ми соопшти дека купил плац од 10.000 метри квадратни

од Nikola Popovski

Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на Водно”.

Тој изјави дека Груевски лично му соопштил дека купил плац од 10.000 квадратни метри.

-Се сеќавам дека во 2016 додека се уште имавме комуникација, бараше таму локација, но на мене ми беше невообичаено тоа што го разговаравме 2016 од причина што некаде 2011-2012 година тој ми спомна во еден неформален разговор дека земал некое земјиште од десетина илјади квадрати некаде на Водно. За волја на вистината, други детали, што и како се случило не знам, не сме разговарале околу тоа, истакнал Протуѓер.

Протоѓер тврдел дека никогаш не се разбирал ниту се мешал во финансирањето на партијата, иако имал таква обврска со функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи и дека за финансирањето биле задолжени партиските органи, одговарајќи на прашање на обвинителката Лиле Стефанова.

Тој откри и дека Груевски му кажал дека сака да живее во Сопиште.

-Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои  хронични состојби му препорачуваа да живее на повисоко место. Беше некако запнат за локација како Сопиште итн. Сакаше да живее во куќа,  мислеше дека така ќе најде мир, рекол сведокот.

Овој судски процес е за плацевите што ги купил поранешниот премиер Никола Груевски на Водно, неурбанизирани за 1,2 милиони евра, со пари за кои е обвинет дека ги украл токму од членарините на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ што мислеле дека даваат за партијата.

Слични содржини