Провокатори на протестот во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Експлозии на пиротехнички средства, познати како „топовски удар“, одекнаа околу 21:30 часот на просторот помеѓу Градското собрание и српското претседателство, пред паркот Пионир, во време кога повеќето од демонстрантите седеа пред српскиот парламент и мирно протестираа два и пол часа.

Присуството на провокатори на третиот граѓански протест пред српскиот парламент станува сè повеќе и повеќе од очигледно, а бројни демонстранти кои одговорија денес на апелот за протест да седат на улица, тврдат дека виделе групи млади луѓе кои се однесуваат чудно.

Имено, сведоците рекоа дека тројцата млади одеднаш започнале да трчаат меѓу демонстрантите кои седеле во правец на Градското собрание, како и дека претходно ги повикале собраните да станат.

„Седи доле“ ечи на плоштадот Никола Пашиќ секој пат кога некој ќе забележи сомнително однесување.

Тие извикуваа исто и кога едно лице запали факел.

Слични содржини