Прв Божиќ без кралицата: Членовите на кралското семејство ќе се соберат во Садрингам

од Nikola Popovski

Кога кралицата Елизабета Втора почина во септември оваа година, на 96-годишна возраст, тоа значеше дека нејзиниот син кралот Чарлс ќе дојде до тронот на монархијата.

Традиционално, секоја прослава на Божиќ во кралството се одржувала околу кралицата. Таа потоа отпатувала во Садрингам, нејзиниот имот во Норфолк, за празничниот период, а членовите на нејзиното семејство се собирале таму за да поминуваат време заедно.

Бакингемската палата потврди дека кралот ќе ја продолжи оваа традиција и ќе го помине Божиќ со сопругата Камила, на имотот во кој се наоѓа и вториот дом на принцот Вилијам и принцезата Кејт – Анмер Хол.

Но, како Божиќ ќе биде различен за семејството оваа година, под новиот монарх? Кралскиот експерт Емили Неш одговара на ова прашање за магазинот Hello UK:

– Ова ќе биде многу потресен Божиќ за кралот и неговото семејство, како прв без покојната кралица во нивна близина. Но, ова е и нивна шанса да се соберат и да ги споделат своите спомени за неа, и да ја продолжат семејната традиција во местото кое таа многу го сакаше.

-Исто така, ова ќе биде историски прв Божиќ со монарх за кралот, кој ќе ја снима својата прва божиќна порака која традиционално ќе се емитува на 15 декември. Сигурен сум дека ќе размислува за извонредното владеење на неговата мајка и за изливот на љубов и поддршка за него, по нејзината тажна смрт, рече Неш.

Емили додаде: „Мислам дека кралското семејство ќе сака да ги почитува сите традиции поврзани со Божиќ во Садрингам – размената на подароци на Бадник и прошетката до Света Марија Магдалена за божиќната служба, но нема сомнение дека ќе биде емотивно време за нив“.

Слични содржини