Прв ден на вакцинација во Турција: 100.000 здравствени работници ја примија „Синовак“

од Nikola Popovski

Повеќе од 100.000 здравствени работници во Турција досега ги добија првите дози на вакцини против коронавирус, изјави денеска министерот за здравство, Фахретин Коџа.

„Досега, повеќе од 100.000 медицински работници примија вакцина“, соопштил Коџа на Твитер околу 13.40 часот по локално време. Тој исто така сподели. линк до веб-страницата на Министерството за здравство на кој се гледа во живо бројот на вакцинирани.

„Турција има силна инфраструктура за да претстави програма за имунизација“, додаде тој.

По 14 часот, пребројувањето во живо покажа дека повеќе од 120.000 луѓе биле вакцинирани, пренесува агенцијата Анадолу (AA).

Три милиони дози вакцини произведени од „Синовак“ пристигнаа во Турција на 30-ти декември. Тие биле пренесени во медицинскиот магацин на Министерството за здравство, а примероците од вакцината биле однесени во лабораторијата „TITCK“ на испитување во траење од 14 дена.

Вакцинацијата ќе се изврши во четири чекори. Во првиот чекор, вакцинирани се здравствените работници, луѓето постари од 65 години и возрасните кои живеат во преполни места како што се засолништа.

По нив следуваат работници во важните служби, луѓе постари од 50 години и лица со најмалку едно хронично заболување.

Во третата фаза, вакцините ќе бидат дадени на лица под 50-годишна возраст со најмалку едно хронично заболување, младите и оние кои имаат работа.

Во последната фаза, сите преостанати лица ќе бидат вакцинирани.

Граѓаните ќе мора да закажат термин преку Интернет за да ја примат вакцината. Ќе бидат уптребени две дози во интервал од 28 дена.

Слични содржини