Прв официјален број: Во Дума отруени 500 со хемиско оружје

од desk2

 

Светската здравствена организација денеска објави дека најмалку 500 луѓе побарале помош од лекарите во Дума, поради симптоми на труење со хемиско оружје.

Тоа е прв официјален број за повредени кој го претстави некоја официјална организација за наводите дека кон крајот на минатата недела во сирискиот град Дума е користено хемиско оружје.

До сега се спомнуваа околу 70 луѓе кои настрадале во текот на бомбардирањето на Думата, која е под котрола на бунтовниците. Ја соопштија невладини организации кои им помагаат на повредените во Сирија, но официјално не е потврдена.

Исто така, не постои независна истрага која би ги поткрепила обвиненијата дека режимот на Башар ал Асад, кого го поддржува Русија, во нападот на бунтовниците, зад кои стои САД, навистина користеле хемиско оружје, а независни стручњаци во неколку наврати предупредија дека сликите и видео-снимките сами по себе не може да докажат дека користен е отров или не.

Одржани се две седници на Советот за безбедност на Обединетите нации, кои потекнаа од меѓусебното обвинување на претставниците на САД и Русија, околу тоа кој е виновен и дали воопшто имало напад со хемиско оружје.

На терен работите дополнително се влошија, па САД и Русија почнаа да натрупуваат воена морнарица во близина на границата со Сирија, со меѓусебни закани за можен напад.

СЗО објави податок за 500 затруени.

Слични содржини